Top Sport

Брера Струмица од понеделник на подготовки во Банско

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера овој викенд ќе ја заокружи првата фаза од подготовките за новата сезона, а од понеделник заминува за Банско, Бугарија. Таму тимот ќе ја темпира формата и ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Според програмата, тимот на Брера Струмица во Банско ќе остане до 22 јули каде ќе одигра и четири пријателски натпревари.

На 12. јули противник е Стеауа, пет дена подоцна Брера ќе игра против Теута. На 21. јули ќе има дуел со селекцијата на Киргистан, а дел подоцна и со Алтин Асир од Туркменистан.

 

 

Scroll to Top