Италијанскиот фудбалер Марио Балотели потврдил дека во неговиот клуб Бреша ниту еднаш не го тестирала на коронавирусот. Менаџерот на фудбалерот Мино Рајола рекол дека неговиот клиент не бил тестиран, а подоцна изјавата ја потврдил и Балотели.
Марио Балотели во вторникот се појавил пред тренинг центарот но обезбедувањето не му дозволи да влезе. Неколку дена подоцна медиумите пренесоа дека тој добил отказ.
Се шпекулира дека бидејќи сакале да бидат сигурни дека Балотели нема да се приклучи на тренинзите во клубот ниту еднаш не го тестирале, што не е случај со останатите фудбалери, кои бил тестирани неколку пати.
„Тие се однесуваат дискриминаторски кон Балотели, ниту еднаш не е тестиран, ниту еднаш не му е земен брис“, напипал Рајола на „Инстаграм“. Подоцна Балотели го потврдил ова.
Фудбалскиот сојуз на Италија покрена постапка против Бреша и медицинскиот персонал во клубот, бидејќи клубот имал обврска да ги тестира сите свои членови.
Доколку инспекторите утврдат дека клубот не го почитувал протоколот може да добие ригорозна казна.