Поранешниот македонски селектор Данило Брестовац замина од клупата на македонскиот суперлигаш Тиквеш и постигна договор да ја преземе ракометната репрезентација на Обединетите Арапски Емирати.
Ова ќе биде негов втор ангажман на Блискиот Исток, откако во сезоната 2021/22 го водеше тимот на Ал Мадар од Саудиска Арабија.
Брестовац веќе е во Дубаи каде утре треба да промовиран во нов селектор на машката репрезентација на ОАЕ.