УЕФА ги одреди судиите за полу-финалните натпревари на Европскоот првенство во фудбал. Довербата да ги судат овие натпревари ја добија Германецот Феликс Брих и Холанѓанецот Дани Макели.
УЕФА изненади со изборот, Брих да го води првото полу-финале помеѓу Италија и Шпанија. Германецот, лошо ја делеше правдата на дуелот Португалија-Франција, додека беше нешто подобар во четврт-финалето Англија-Украина.
Второто полу-финале Англија-Данска ќе го суди Дани Макели. Холанѓанецот го судеше првиот меч на ова ЕП, Италија- Турција, а потоа ја делеше правдата на натпреварите Финска-Русија и Англија-Германија.