Германскиот судија Феликс Брих реши да ја заврши интернационалната кариера. Брих отсега ќе суди само во Бундес лигата.
Ќе остане запишано дека полу-финалето Италија-Шпанија на Европското првенство е неговиот последен и интернационален меч.
Германецот е еден од најконтроверзните судии, а ќе се памети по одлуката да го признае голот на Баер Леверкузен иако топката во голот влезе од надворешна страна.
Во кариерата судел две финалиња, во 2014 година во Лига Европа и во 2017 година во Лигата на шампионите.
Голем е бројот на оние кои сметаат дека е еден од најдобрите судии во изминатата деценија.