Руските тенисери, чија перјаница е Данил Медведев, ќе мора да докажат дека не го поддржуваат Владимир Путин за да добијат дозвола да настапат на турнирите кои се одржуваат во Велика британија, меѓу кои најпознат е Вимблдон.
Оваа информација ја потврдил министетот за спорт во Владата на Велика британија, Најџел Хадлстон.
Тој за „Мирор“, рекол дека сите тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија ќе ора да докажат дека не го поддржуваат режимот на Путин, доколку сакаат да играат на Британска почва.
Појаснил дека тоа значи, дека тие мора да ја „докажат неутралноста“ и да докажат дека не го поддржуваат Путини и дека не добиваат пари од руските власти.
Ова значи дека тенисерите од Русија и Белорусија се ставени во тешка позиција, бидејќи доколку јавно се изјаснат против претседателот Путин, би можеле да имаат проблеми во своите земји.