Top Sport

Британец и Рус повредени во тепачки во Баку

Две лица биле повредени во неколку тепачки помеѓу навивачи на Челси и Арсенал во пресрет на вечерашното финале во Лига Европа. Лондонските ривали од 21 часот ќе се борат за титулата во ова натпреварување.

Инцидентите ги потврдил министерот за здравство на Азербејџан, Паравиз Абубекиров. Тој ги информирал медиумите дека еден Британец бил хоспитализиран со отворени повреди на главата, а повреден бил и еден руски државјанин.

Поради оддалеченоста во Баку нема многу британски државјани, Челси и Арсенал не успеаја да ги продадат сите билети што ги добиле од УЕФА, но сепак се очекува во Азербејџан да има навивачи на двата тима од Русија и Азија.

Scroll to Top