Top Sport

Британската полиција со истрага за контроверзниот банер против Њукасл

Британската полиција отвори официјална истрага откако навивачите на Кристал палас покажаа огромен банер против новите сопственици на Њукасл јунајтед, обвинувајќи ги за тероризам и убиства.

Навивачите на „Холмсдејл роуд“ делот на стадионот покажаа огромен банер при влегувањето на стадионот за мечот од Премиерлигата, во кој Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) држи меч, додека под директорот на Премиерлигата, Ричард Мастерс има крв и торба со пари. Покрај тоа тука беа и прекршоците на саудискиот режим: тероризам, обезглавување, нарушување на човековите права, убиство, обвинувања и цензура. Фудбалерите на Њукасл потоа беа исвиркани.

„Во саботата на 23 октомври, полицијата доби извештај за навредлив банер од навивачите на Кристал палас. Ги разгледуваме информациите и сите обвинувања за расизам ќе бидат разгледани сериозно“, објави полицијата во Кројдон.

Scroll to Top