Top Sport

Хамилтон откако доби среден прст од Ферстапен вели дека е „забавно“

Луис Хамилтон призна дека му е забавно да се игра со својот ривал за титулата, Макс Ферстапен пред нивната пресметка на Американското ГП. Асот на Ред бул, Ферстапен има шест поени предност пред Хамилтон на шест трки пред крајот, а прво во Тексас ќе стартува пред Хамилтон на пол-позицијата.

Ривалите уште во петокот почнаа со „игрите“ помеѓу себе, кога Хамилтон го истурка Ферстапен на последната кривина од патеката, пред да возат тркало-до-тркало на стартно-целната рамнина. Ферстапен го пушти ривалот од Мерцедес, но го нарече преку радиото „глупав идиот“ и му покажа среден прст.

Хамилтон признава дека го направил тоа намерно.

„Прво, не го истуркав од патеката. Тој реши да оди од надворешната страна и отиде прешироко. Се боревме во последната кривина. Забавно е да се играш и ќе биде забавно на трката“, изјави Хамилтон.

Ферстапен, пак, вели дека стартот ќе биде професионален, без трикови.

„Како и секогаш, до крај професионално. Ние не сме единствените кои сме се судриле во овој спорт и такви работи се случуваат. Пак сме во првиот ред и сите очекуваат добра трка“, вели Ферстапен.

Scroll to Top