Група на британски парламентарци со писмо до владата побараа да се сопре најавеното преземање на Њукасл од страна на саудискиот конзорциум за 300 милиони фунти, поради кршењето на човековите права во оваа земја.
Саудијците се во процес на преземање на клубот од североисточна Англија, во договор со кој ќе преземат 80 отсто од клубот, додека по 10 отсто ќе одат кај инвеститорката Аманда Стејвли и милијардерните Рубен, процес кој наиде на голем број на протести.
Овојпат, во писмо на 16 пратеници, вклучувајќи го и поранешниот лидер на Лабуристичката партија Нил Кинок бара „активно водство“ на британската влада да се сопре инвестицијата поради катастрофалната историја на Саудиска Арабија со човековите права, како и убиството на новинарот Џамал Хашоги.
Покрај тоа, катарската ТВ-мрежа „БеИН спортс“, со исти сопственици како англискиот шампион Манчестер сити, побара суспензија на договорот поради наводите дека Саудијците нелегално ги пренесувале мечевите од Премиер лигата и Лигата на шампионите чии права ги имаат тие.
И покрај овие пречки, навивачите на Њукасл се надеваат дека ќе се случи продажбата и тие преку ноќ ќе станат фудбалска сила. Сегашниот сопственик Мајк Ешли, подолго време беше удар на навивачите откако поради слабите инвестиции клубот двапати испаѓаше од Премиер лигата.