„Дејли мејл“ со драматичен наслов „Ферги се бори за живот“ ја оценува ситуацијата на легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, за кого официјално се вели дека е во стабилна состојба по операцијата за мозочниот удар во саботата.
Речиси идентичен наслов има и во таблоидот „Сан“, додека „Гардијан“ е поумерен во оценувањето на состојбата на 76-годишниот Шкотланѓанец, оценувајќи дека неговата состојба е стабилна.
Фергусон доби пораки за добро здравје и опоравување од неговите поранешни фудбалери (Кристијано Роналдо, Дејвид Бекам, Вејн Руни), како и од ривалските клубови Манчестер сити и Ливерпул (кои го нарекоа Фергусон голем “пријател на клубот“).
Засега нема други официјални изјави околу состојбата на Фергусон, барајќи се да се почитува приватноста на семејството.
Фото: ЕПА/скриншот