Top Sport

Брозовиќ останува во Интер до 2026 година

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ се договорил со италијанскиот првак Интер за продолжување на соработката и во наредните пет сезони. По долги преговори, новиот договор конечно е склучен, а во наредните денови се очекува и официјалната промоција.

Италијанските медиуми откриваат дека хрватскиот играч за врска денеска ставил потпис на новиот договор. Тој ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 2026 година, а годишно ќе заработува 6 милиони евра, плус бонуси.

Интер е во трка за одбрана на шампионската титула, а во моментот се наоѓа на третата позиција, зад Милан и зад Наполи, но и со еден одигран меч помалку.

Scroll to Top