Поразот на Интер на својот „Џузепе Меаца“ стадион синоќа од Реал Мадрид со 1-0 е во потполност незаслужен, сметаат фудбалерите од миланскиот клуб – Един Џеко и Марсело Брозовиќ.
Единствениот гол на мечот беше постигнат во 89 минута, а стрелец беше Родриго.
Натпреварот се чини ќе имаше друг тек ако Џеко искористеше една од трите шанси кои ги имаше пред голот на Куртоа.
„Апсолутно незаслужен пораз. Заслуживме многу, многу повеќе. Одигравме сјајно, но тешко е кога нема да постигнеш гол“ рече репрезентативецот на БиХ.
Неговиот соиграч, Хрватот Марсело Брозовиќ смета дека Интер можел да стигне до победа и од 3-0.
„Одигравме сјајно прво полувреме и требаше да го разбиеме Реал со 3-0. Нема разлика меѓу Интер и Реал Мадрид, но ако не постигнете погодок, на крајот ќе го загубите мечот“ вели Брозовиќ.
? Marcelo #Brozovic senza paura: "Non c'è differenza tra Inter e Real Madrid, dovevamo vincere 3-0" ?⚫️?⚫️? #FCIM #InterRealMadrid pic.twitter.com/hGUqbr881V
— FcInterNews.it (@FcInterNewsit) September 15, 2021
Во истата група, дебитантот Шериф Тираспол на свој терен со 2-0 беше подобар од украински Шахтјор Доњецк.