Top Sport

Бруно Фернандеш: Манчестер Јунајтед заслужува многу повеќе трофеи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, изјави дека клубот од „Олд Трафорд“ заслужува многу повеќе трофеи, по триумфот во финалето на Лига купот против Њукасл.

„Го баравме овој момент. Сега сум среќен бидејќи го освоивме трофејот, но сакам многу повеќе, затоа што овој клуб тоа го заслужува“, изјави Фернандеш.

Манчестер Јунајтед го освои Лига купот откако во финалето на „Вембли“ го совлада Њукасл со 2:0. Тоа е прв трофеј за Јунајтед по шест години и триумфот во Лига Европа.

„Тоа е првиот трофеј во сезоната, но сакаме повеќе и ни треба повеќе. Ова не е доволно за овој клуб“, додаде португалскиот фудбалер.

Манчестер Јунајтед е во борба за уште три трофеи. Се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, ќе игра против Вест Хем во петтото коло од ФА купот и е трет на табелата во Премиерлигата, со осум бода помалку од лидерот Арсенал, на 14 кола до крајот.

Scroll to Top