Манчестер јунајтед на секое поле се во длабока криза. Поразите од Ливерпул и Манчестер сити, на „Олд Трафорд“, го зголемија притисокот врз Оле Гунар Солскјер и фудбалерите. Навивачите и јавноста бараат Норвежанецот да си замине од клубот. Нивното мислење не го делат клупските челници, кои на Солскјер, досега му ги простија сите порази.
Англиските медиуми, по поразот од Сити (0:2), пишуваат и за лошата атмосфера во соблекувалната. Играчите биле незадоволни од Солскјер и начинот како ги подготвува и води натпреварите.
Дони ван де Бек е незадоволен што не добива шанса, Кристијано Роналдо не може да се изначуди како се работи на тренинзите, а неговиот сонародник Бруно Фернандеш се сомнева во стручноста на Солскјер.
„Дејли мејл“, тврди дека токму Фернандеш го предводи бунтот против менаџерот. Сметал дека не добива добри совети од менаџерот на тренинзите, а истото се однесува и за самите натпревари.
Според овој извор Фернандеш и Солскјер не биле во добри односи.