Top Sport

Бруно им се дере на Телес и Фред: Тука сте да играте фудбал, а не да правите селфи

Катастрофалната сезона за Манчестер јунајтед и атмосферата во тимот може да се опише со најновото видео кое се појави од документарниот филм „Денот во животот“ на Алекс Телес, кој се објави оваа недела.

Во видеото Телес заедно со бразилскиот сонародник и соиграч Фред снимаат видеа, кога од портите на тренинг-центарот Бруно Фернандеш бесно им проговара за недостаток на професионализам.

„Тука сте да играте фудбал, не да се снимате“, вели Фернандеш, пред на филмската екипа да им каже: „Снимајте ми го к.рот“.

Фред и Телес, очигледно неимпресионирани од агресивноста на Португалецот му велат на соиграчот: „Дај, смири се!“.

Scroll to Top