Top Sport

Бруно промаши пенал, Астон Вила победи на „Олд Трафорд“

Астон Вила приреди сензација со победата над Манчестер јунајтед, на „Олд Трафорд“, во шестото коло, во Премиер лигата.

Кори Хаус го шокираше црвениот дел на Манчестер со голот во 88.минута. Јунајтед можеа да го избегнат поразот, меѓутоа Фруно Фернандеш во 83.минута не реализираше пенал.

Јунајтед го контролираа поседот, имаа 20 удари повеќе од противникот, но тоа не им беше доволно да го избегнат поразот.

Манчестер јунајтед го доживеа првиот пораз во сезоната, додека Астон Вила дојде до третиот триумф. Јунајтед заедно со Челси, Сити и Ливерпул имаат по 13 бодови.

Scroll to Top