Денвер Нагетс минатата сезона го освоија својот прв шампионски прстен во НБА лигата. До титулата ги предводеше одличниот српски центар Никола Јокиќ, МВП на финалната серија, кој во пет натпревари со Мајами Хит имаше просек од 30,2 поени, 14 скока и 7,2 асистенции по натпревар. Беше доста активен и во прославувањето на титулата, откри Брус Браун.
Браун, кој сега е играч на Индијана Пејсерс, изјави дека за време на прославата имал намера да го опие Јокиќ, а потоа признал дека тоа му било претешка мисија и дека токму тој пиел премногу за време на прославата.
„Пиевме малку српско виски, а јас имав цел да го опијанам Јокиќ. Но, тој го сврте сценариото. Тој е поголем од мене, воопшто не размислував за тоа. Не можете да пиете со него, ја научив таа лекција. Тој е различен. Никогаш повеќе нема да пијам со него. Следното утро имав лет, а се разбудив во 11:50“, раскажува Брус Браун.