По пристигнувањето на Кристијано Роналдо во саудискиот фудбал со тимот на Ал-Наср, многубројни беа шпекулациите дека другите богати саудиски клубови би можеле да го донесат Лео Меси во неверојатна зделка. Клубот Ал-Таи нема да биде меѓу нив, откако нивниот претседател Турки Ал-Дабан влезе во лута критика на Аргентинецот.
„Не ми треба првокласен фудбалер во мојот тим кој би бил заситен од фудбалот и само гледач на мечевите како што беше Меси против Баерн Минхен“, вели Ал-Дабан.
Меси беше критикуван и од француската јавност за елиминацијата на Пари Сен-Жермен од Баерн Минхен во осминафиналето, а поранешниот германски репрезентативец Филип Лам го опиша како „беспомошен и очаен“ на вториот меч н „Алијанц арената“. Договорот на 35-годишниот Меси со ПСЖ завршува на крајот на сезоната.
🗣️ تركي الضبعان رئيس الطائي عبر SBC
"لا أرغب في التعاقد مع لاعب عالمي في فريقي ويكون متشبع ويشاهد المباراة من الملعب مثل ميسي أمام بايرن ميونخ". 🔥 pic.twitter.com/0ehve7mf0M
— موقع جول السعودي – GOAL (@GoalSA) March 28, 2023