Top Sport

Будимир го нокаутираше Бетис

Анте Будимир со два гола е херојот на победата на Осасуна против Бетис од 3:2 во 30. коло од шпанската Примера.

Хрватскиот центарфор го нокаутираше тимот од Севилја во првите 11 минути. Хрватот во шестата го постигна првиот, а во 11.минута вториот гол. Асистент кај двата гола беше Кике Барха.

Бетис намали преку Миранда во 16. минута, но до крајот на полувремето тимот од Памплона ја врати предноста од два гола. Монкајола шутираше од 16 метри, на патот кон голот топката удри еден играч на Бетис, го смени правецот и заврши зад грбот на Руи Силва.

Во продолжение комплетно доминираше тимот на Бетис. Играчите на Мануел Пелегрини упатија дури 10 удари кон голот на Осасуна, но само еден ја погоди целта. Родригез со глава намали на 3:2, но тоа беше се од гостите на овој меч.

Со овој пораз Бетис се оддалечи од четвртата позиција која носи пласман во Лигата на шампионите, додека Осасуна се проби на осмото место.

Scroll to Top