Top Sport

Гризман утре може да собори рекорд од 1974 година

Францускиот напаѓач Антоан Гризман оваа сезона игра одлично во Атлетико Мадрид и се доближи до соборување на рекордот на легендарниот Луис Арагонес. Арагонес играше за Атлетико од 1964 до 1974 година и во неколку наврати беше тренер на мадридскиот тим.

Арагонес, вкупно постигна 123 првенствени голови за клубот, а со 154 гола во официјалните настапи, тој е најдобриот стрелец на Атлетико во историјата. Гризман има само еден гол помалку, односно има 153, од кои 108 постигна во Ла Лига.

„Сакам да влезам во клупската историја и навистина сум возбуден што можам да го стигнам легендарниот Арагонес. Се чувствувам одлично оваа сезона во Атлетико. Имам одличен однос со сите, и кога ќе видам колку можам да помогнам со голови, асистенции и во самата игра, се чувствувам уште подобро“, изјави Гризман, кој оваа сезона постигна вкупно 13 гола и има девет асистенции.

„Се чувствувам одлично по Светското првенство. Мислам дека никогаш не сум уживал во фудбалот толку многу како во последните месеци“, изјави Гризман, кој во недела ќе го води Атлетико на гостувањето кај Барселона.

На вечната листа трет најдобар стрелец во историјата на Атлетико е Фернандо Торес со 128 голови.

Scroll to Top