Top Sport

Буфон: Би можел да играм уште 10 години

Легендарниот Италијанец, Џанлуиџи Буфон, истакнал дека се уште не планира да се пензионира од фудбалот.

Буфон, со францускиот шампион ПСЖ, потпиша едно годишен договор, откако по завршувањето на минатата сезона, по 17 години го напушти Јувентус.

„Во последните неколку години ми стана јасно дека не треба да поставувам граници. Мислев дека ќе се пензионирам на 35-годишна возраст. Кога наполнив 38 години помислив дека ќе бранам до 40. И Еве сега сум тука. Би можел да престан да играм по шест месеци, една или 10 години. Не е важно кога“, рекол Буфон.

Минатата година, Буфон се прости од репрезентацијата на Италија. Во кариерата за репрезентацијата бранел на 176 натпревари.

Scroll to Top