Top Sport

Мекгрегор суспендиран месец дена, може да биде казнет за тепачката (видео)

Конор Мекгрегор доби едномесечна суспензија поради медицински причини по „ќотекот“ кој го изеде од Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 229 во Лас Вегас, каде што загуби со „давење“ во четвртата рунда во саботата, а може да добие и поголема казна за започнување на тепачката во „Т-Мобиле арената“.

Официјалниот веб-сајт на УФЦ го постави Конор Мекгрегор под медицинска суспензија до 06.11.2018, без никаков контакт до 28.10.2018. Ова доаѓа откако тој доби неколку сериозни удари од Русинот пред крајот на мечот. Ова е вообичаена практика на УФЦ, а Мекгрегор сигурно нема да се врати во рингот веќе следниот месец.

Сепак, УФЦ и Спортската комисија на Невада можат да му дадат дополнителна суспензија за тепачката која се случи по мечот. Нурмагомедов ја прескокна оградата да го нападне Дилон Денис, предизвикувајќи хаос, по што неговиот братучед Зубаира Тухугов, влезе во октагонот и доби удар од Мекгрегор. Хабиб можеби го започна хаосот, но ударот на Мекгрегор го зголеми и може да донесе до казна.

Нурмагомедов, пак, ќе добие уште посериозна казна од Спортската комисија на Невада, која исто така ги задржа 1.2 милиони долари во награден фонд. Мекгрегор ги доби своите 2.5 милиони долари без проблем.

Како и да е, ова е совршена ситуација за шефот на УФЦ, Дејна Вајт, бидејќи и покрај казните и суспензиите, само се зголемува интересот за УФЦ.

Scroll to Top