Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ја заврши кариерата, но веднаш доби нова улога. Тој ќе биде член во стручниот штаб на селекторот Роберто Манчини, а ќе ја извршува и функцијата тим лидер на „аѕурите“.
„Се враќам во репрезентацијата, затоа што детето кое пред 30 години за првпат ја помина портата во Коверчано, сè уште сака да сонува и да го живее сонот заедно со италијанските тифози“, објави легендарниот голман.
Фудбалската репрезентација на Италија на 9. септември ќе гостува во Скопје во квалификациите за ЕП 2024.
View this post on Instagram