Top Sport

Лука Дончиќ во акција за помош на настраданите од поплавите во Словенија

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ преку својата хуманитарна фондација се вклучува во акција за помош на најзагрозените од поплавите кои ја погодија неговата родна земја.

Голем дел од селата се поплавени, најлошо е во Штаерска, а имаше и жртви.

Лука Дончиќ беше меѓу првите се јави и понуди помош за сонародниците на кои тоа во моментот им е најпотребно.

„Фондацијата Лука Дончиќ ја потресоа катастрофалните поплави кои предизвикаа хаос во Словенија, уништувајќи куќи и одземајќи животи. Ќе продолжиме да даваме помош се додека е потребно. Нашата најдлабока благодарност до сите спасувачи на теренот и до сите кои реагираа да помогнат во ризикувајќи ги своите животи за да им помогнат на оние на кои помошта им беше најпотребна. Сите жители на Словенија кои ги загубија своите домови во овие страшни поплави се во нашите мисли и срца. Ќе направиме се за да им помогнеме“, објавија од фондацијата Лука Дончиќ.

Scroll to Top