Џанлуиџи Буфон, нема намера да се пензионира. „Тутоспорт“, тврди дека Буфон ќе го напушти Јувентус и открива дека легендарниот голман добил понуди од пет реномирани европски клубови.
Договорот на Буфон со Јувентус, истекува по завршувањето на сезоната. Тој нема да ја продолжи соработката со „страта дама“, туку има намера да се пресели во клуб каде ќе биде прв голман.
Едногодишен договор и место на прв голман на Буфон му понудиле Галатасарај, Олимпијакос, Динамо Киев, Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг Лисабон. Во Серија А тој се поврзува со трансфер во Аталанта.
Во кариерата, Буфон, за Јувентус одиграл 683 натпревари.