Ветеранот на голот на Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Буфон вели дека Манчестер јунајтед постојано пуштале скаути да го гледаат како брани, но и дека одбил „многу, многу голема понуда“ од Манчестер сити.
Буфон по 9 години во Јувентус се пресели во Пари Сен-Жермен, кои во среда го пречекуваат Манчестер јунајтед на „Паркот на принцовите“ по гостинската 2:0 победа.
„Кога играв за Парма, Сер Алекс Фергусон постојано ме следеше, едно две-три години, и пушташе скаути да ме гледаат. Тогаш, Парма ми беше мојот свет и не сакав да заминам. Подоцна, имав голема понуда од Манчестер сити, кога тие почнаа да го градат тимот и да станат еден од најважните клубови во Европа. Сакаа јас да бидам првото големо име, но тогаш сакав да останам во Јувентус“, вели Буфон во интервју за „БТ спорт“.