Top Sport

Буфон открил што му рекол на Роналдо по епскиот гол (Видео)

Кристијано Роналдо на 3 април 2018 година во Торино го постигна можеби и најубавиот гол во својата кариера. Џанлуиџи Буфон сега е соиграч со Португалецот, но не можел да ги заборави спектакуларните ножички на Роналдо.

Кристијано Роналдо во 64 минута го постигна голот по кој му ракоплескаа сите на стадионот на Јувентус. Тој прв четврт-финален натпревар Реал во Торино го добија со 3:0.

Буфон открил за што разговарал со Роналдо по тој гол.

„Тоа беше еден од оние моменти кои докажуваат дека никого не мразам. Во првите 25 секунди без фрустриран, а подоцна помислив дека тоа е маестрален гол. Роналдо направи нешто извонредно“, рекол Буфон и продолжил.

„Додека минував крај него го прашав: ‘Роналдо колку години имаш?’. Се насмевна и одговори: ’33. Не е лошо, а?’ Тогаш двајцата започнавме да се смееме“.

Буфон од оваа сезона ја дели соблекувалната со Португалецот. Тој открил дека Роналдо е фантастичен како соиграч и дека позитивно бил изненаден од односот што тој го има со сите во Јувевтус.

Scroll to Top