Top Sport

Вилјареал и Атлетико ќе играат во Мајами

Идејата на челниците на Ла Лига еден меч од шпанскиот шампионат да биде одигран во САД минатата сезона не помина, но како стојат работите оваа сезона таа би можела да се реализира.

Минатата сезона Барселона и Џирона одбија да играат во Мајами, а оваа година според Ла Лига на „Хард Рок“ стадионот ќе играат Атлетико Мадрид и Вилјареал. Овој меч на програмата е на 8 декември, а од Ла Лига тврдат дека челниците на клубовите се согласиле да играат во Мајами.

„Се надеваме дека тоа може да се оствари. Со Атлетико се договоривме натпреварот да се игра таму, но секако треба сите да се согласат пред да се реализира планот. Би сакал да се случи тоа. Сметам дека голема корист би имала Ла Лига. Ова е начин да го промовираме нашиот фудбал и лига во Америка“, рекол претседателот на Вилјареал, Фернандо Роиг.

Доколку помине идејата тогаш Ла Лига ќе организира неколку чартер летови од Шпанија за навивачите на двата тима. Исто така Ла Лига ќе им даде попуст на билетите на навивачите на Вилјареал кои со воз ќе патуваат во Мадрид, кога нивниот тим во вториот дел од сезоната ќе гостува на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Scroll to Top