Top Sport

Буфон подготвен за битка со Интер за скудетото

Џанлуиџи Буфон вели дека е „среќен и горд“ што го сруши рекордот на Паоло Малдини, а подготвен е и за „битката за скудетото“ со Интер на Антонио Конте.

Буфон стартуваше при саботната 2:0 победа над СПАЛ во својот 903. меч на клупско ниво, рекорд за Италијанец, поминувајќи ги 902-те натпревари на легендата на Милан, Малдини.

„Секако дека е задоволувачки. Среќен сум и горд што стигнав до овој рекорд, и тоа уште повеќе бидејќи имам речиси 42 години. Пред шест-седум години немаше да помислам дека ќе бидам во ваква физичка форма. Животот бил добар за мене“, вели Буфон.

Јуве и Интер се на првите две позиции во Серија А, и „нераѕурите“ имаат два поени предност пред дербито во седмото коло и Буфон признава дека се работи за „битка за скудетото“.

„Секако дека е борба за титулата. Ние одиме на титула, но и Интер имаат желба. Ги познавам добро Конте и Бепе Марота и знам дека имаат такви амбиции и тоа е нормално со таков силен тим. Верувам дека можеме да продолжиме да го засилуваме“, додава ветеранот.

Scroll to Top