Top Sport

Германија не се одбива – во Ливерпул загрижени за договорот на Клоп

Во Ливерпул стравуваат дека наскоро ќе го загубат својот тренер Јирген Клоп, кој не би можел да ја одбие понудата да стане селектор на германската репрезнтација, тврди британскиот „Мирор“.

Клоп има уште три години од својот договор со клубот од „Енфилд“, до 2022 година, но неколку пати ја отфрлил понудата да го продолжи договорот по фантастичниот успех со „црвените“ последните неколку сезони, за што ја доби наградата за најдобар тренер на светот од ФИФА.

Неодамна неговиот агент се шегуваше дека престојот во Англија нема да биде долг поради „лошото врнежливо англиско време“, додека во исто време „Фенвеј спортс груп“, сопствениците на клубот сакаат да имаат посигурна иднина. Германија во моментов има долгогодишен селектор во Јоаким Лев, но Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) постојано внимава на најдобрите германски тренери, предводени од Клоп.

Scroll to Top