Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон смета дека е потребно да се размислува за зголемување на димензиите на головите во фудбалот. Од далечната 1875 година димензијата на голот изнесува 7,32 метри во должина и 2,44 метри во висина.
„Разговарав за тоа неодамна со моето семејство и мојата сопруга. Кога започнав во 1998 година, бев меѓу петмината највисоки играчи во Серија А. Минатата сезона, играјќи за Парма во Серија Б. Големината на голот е дефинирана во 1875 година и веројатно беше прилагодена на антропометриските вредности од тоа време. Можеби тогаш тоа беше исправно. Но денес тоа е нешто за што треба да размислиме. Дури и во одбојката се разговара за висината на мрежата“, рече пензионираниот Буфон во интервју за „Тутоспорт“ и додаде:
„Можете да го видите ефектот на висината на голманот на ударите од далечина. Пред 30 години имаше по десет гола на секои педесет удари. Денес тој сооднос е паднат на три гола од 50 удари и е многу низок. Да се постигне гол од далечина против голман висок два метри стана вистински предизвик“.