Џанлуиџи Буфон сака својата кариера да ја заврши со олимписко злато како стартер за Италија на ОИ во Токио во 2020 година, објавува „Ла газета дело спорт“.
Според весникот, поранешниот голман на Јувентус, кој потврди дека заминува од Пари Сен-Жермен по само една сезона, би сакал да биде избран како еден од тројцата фудбалери над 23 години за олимпискиот турнир.
Тој веќе има одиграно една Олимпијада, откако беше замена на Џанлука Паљука на Олимпијадата во Атланта во 1996 година, кога „аѕурите“ завршија како последни во групата со Мексико, Гана и Јужна Кореја.
Од друга страна, „Кориере дело спорт“, тврди дека 41-годишниот Буфон најверојатно следната сезона ќе брани за Аталанта, кои ќе мораат да бараат нов голман откако Етрит Бериша најверојатно ќе заврши во СПАЛ.