Легендарниот голман, Џанлуиџи Буфон (41), по една сезона ќе го напушти Пари Сен Жермен и веројатно ќе стави крај на кариерата.
Иконата на Јувентус има можност и по завршувањето на кариерата да остане во фудбалот, во неговиот поранешен клуб Јувентус му била понудена директорска функција.
Буфон на почетокот на сезоната се пресели во Пари Сен Жермен, тој потпиша едно годишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една година. Голманот прифати трансфер во Париз во обид да ја освои Лигата на шампионите.
Француските шампиони не успеаја оваа година, испаднаа во осмина-финалето од Манчестер Јунајтед, а во реваншот Буфон не се прослави со своите одбрани.