Top Sport

Рејес го продолжил договорот со Реал

Капитенот на кошаркарите на Реал Мадрид, Фелипе Рејес, го продолжил договорот со клубот до 2020 година. Ветеранот и во 40 година од животот ќе биде активен на кошаркарските терени, а наредната сезона ќе биде неговата 16 во кариерата, во дресот на Реал.

Фелипе Рејес, во кариерата играл само уште за Естудијантес, клуб во кој ја започнал кариерата. 40 годишникот е рекордер во Шпанија и во Евролигата според бројот на скоковите.

Со „кралскиот клуб“ има освоено 19 трофеи, меѓу кои се две во Евролигата (2014, 2018). Со репрезентацијата на Шпанија три пати бил европски, а еднаш светски шампион и освоил десет медали.

Scroll to Top