Голманската легенда Џиџи Буфон (41) веројатно ќе се врати во Јувентус, пишува „Газета дело Спорт“.
Иако има 41 година неколку екипи (Аталанта, Лидс, Парма, Палмеирас…) покажале интерес за голманот кој по само една сезона ги напушти редовите на ПСЖ.
Буфон, минатото лето по 17 години реши да замине од Јувентус и да ја прифати понудата на ПСЖ. Во Париз искусниот голман немаше сезона за паметење, поради што клубот не му понуди нов договор.
Според „Газета дело Спорт“ Јувентус биле подготвени на Буфон да му понудат едногодишен договор. Планот бил тој да му биде резерва на Војчех Шчешни, но да има значајна улога во соблекувалната односно да биде „продолжена рака“ на новиот тренер Маурицио Сари.
Буфон би имал плата од четири милиони евра.