Top Sport

Буфон се врати во Јувентус (Видео)

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон во текот на денот ќе го комплетира трансферот во Јувентус.

41 годишниот Буфон утрово пристигнал во клупските простории. Кога ќе ги мине лекарските прегледи ќе го стави својот потпис на едно годишниот договор, со кој ќе заработи 1,5 милиони евра.

Голем број на навивачи го пречекаа Буфон пред клупските простории. Планот на Јувентус за Буфон е да му понудат работа во клубот откако ќе му заврши договорот.

Буфон во Јувентус мина 17 години и вкупно има одиграно 656 натпревари. Минатата сезона ја мина во Пари Сен Жермен.

Јувентус во овој преоден рок се засили со Арон Рамзи, Адријен Рабио и Лука Пелегрини.

Scroll to Top