Top Sport

Претседателот го расипал ВАР-системот, комуницирал и со судиите?!

Ден по победата на Бразил над Аргентина во полу-финалето на Копа Америка, во јавноста се излезе информацијата дека на овој меч ВАР-системот воопшто не бил во функција и тоа поради претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро. На овој меч на Аргетнина не и беа досудени два пенали.

Аргентинците се лути и по мечот беа сигурни дека постои завера против нив. Дури и најдобриот Аргентинец, Лионел Меси, во својата изјава рекол дека судијата од Еквадор Роди Замбрано бил катастрофален.

Двете сомнителни ситуации пред голот на Бразил, Замбрано воопшто не ги гледал на повторените снимки, а впечаток е дека во двете ситуации гаучосите требаше да добијат најстрога казна.

Првиот спорен момент се случи во 70 минута, при резултат 1:0 за Бразил. Во продолжение на таа акција Бразилците го постигнаа вториот гол. Вториот спорен момент се случи во 84 минута.

Судијата не побарал помош од ВАР-системот бидејќи истиот не работел, потврија во четвртоткот од континенталната конфедерација, КОНМЕБОЛ.

Познатиот бразилски поратл „Глобо“ открива и дека обезбедувањето на првиот човек на Бразил, кој бил на мечот во Бело Хоризонте, користело иста фреквенција како и судиите на теренот!

Проблемот наводно бил решен откако интевенирале од телекомуникациската компанија „Анател“. Сепак ова информација фрла дополнителна сомнеж дека Аргентинците биле ограбени на овој меч.

„Се надевам дека КОНМЕБОЛ ќе сторат нешто. Кога ќе размислам нема да се случи ништо бидејќи Бразил контролира сè“, рекол Меси.

Од друга страна главниот судија Замбрано одбил да даде било каква изјава за медиумите.

Меси: Игравме добро, судијата не оштети (Видео)

Scroll to Top