Top Sport

Буфон со Шева: И покрај сите болки кои ми ги нанесе, јас простувам!

Џанлуиџи Буфон и Андриј Шевченко имаа многу битки во италијанската Серија А, и иако секогаш беа на различните страни (Буфон на голот на Јуве, а Шева во нападот на Милан), почитта очигледно е голема.

Буфон, кој на 41 година уште брани во Пари Сен-Жермен, се пофали на Инстаграм со фотографија со Шевченко, кој сега е селектор на Украина и пензиониран фудбалер. Во 2003 година, Милан на пенали го победи Јувентус во финалето на Лигата на шампионите, а одлучувачкиот гол го постигна токму Шева.

„И покрај различната болка која ми ја нанесе, јас сум добар човек и простувам. Мило ми е што повторно те видов“, напиша Буфон.

Scroll to Top