Top Sport

Маркез не запира! Супер победа во Херез по лошата среќа за Квартараро

Мото ГП шампионот, Марк Маркез триумфираше на домашното ГП во Херез откако го презеде водството на стартот на трката и потоа успеа да ги остави сите ривали зад него за да се врати на првото место во генерален пласман.

Маркез на стартот успеа да го победи изненадувачкиот освојувач на пол-позицијата, Фабио Квартараро во Петронас Јамаха, кој потоа беше неговиот најблизок ривал, пред мотоциклот на Французинот да успори од второто место, кога изгледаше дека е подготвен да тргне во лов на Шпанецот.

На крајот, Маркез успеа да го победи Алекс Ринс, а подиумот го комплетираше уште еден возач на Јамаха, Маверик Вињалес. Двојката на Дукати Андреа Довициозо и Данило Петручи беа на четвртото, односно петтото место, додека ветеранот Валентино Роси беше шести, откако имаше ужасни квалификации и стартуваше од 13. место.

Во тесната трка во генерален пласман, Маркез со две победи во 2019 има 70 поени, пред Ринс (69), Довициозо (67) и Роси (61).

Scroll to Top