Џанлуиџи Буфон, легендарниот поранешен италијански голман, очигледно има планови за својата иднина, откако покрај работата со репрезентацијата, се пријави и на курс за спортски директори во Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Новиот курс започнува на 25 септември, и Буфон ќе мора да помине 144 часа обука, од кои 120 во тренинг-центарот во Коверчијано. Италијанските медиуми не откриваат за каква насока се решил Буфон – техничко-спортска или организационо-спортска. Првата е за работа со фудбалери, додека втората се однесува на работа како скаут.