Top Sport

Бугарите мотивирани: Респект за Македонија, но сакаме победа

Топспорт во Разград, Бугарија
Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) во Разград го почнува новиот циклус во Лигата на нации. Противник е селекцијата на Бугарија, нашиот источен сосед со кој имаме мноху несогласувања во последниот период за политички прашања. Но, фудбалски, Македонија има максимален респект. Тоа го потенцираа и селекторот Јасен Петров и капитенот Кирил Десподов.

Селекторот Петров истакна дека фудбалот е игра која ги спојува луѓето од целиот свет.

„Имаме мали проблеми со тимот, но веќе решивме како ќе играме. Морам да кажам дека максимално ја респектираме Македонија. Фудбалот е спорт што сите ги спојува. Нема да коментирам како политичар, се надевам на фер-плеј и верувам во победа. Македонија е можеби фаворит, но се ќе се решава на натпреварот. Секако, ние сакаме да победиме и би сакал да имаме поддршка од трибините“, изјави селекторот на Бугарија, Јасен Петров.

Капитенот Кирил Десподов го пренесе оптимизмот што владее во бугарскиот национален тим.

„Подготвени сме за утрешниот натпревар и мислам дека имаме големи шанси за триумф. Но, треба да ја оствариме победата на теренот. Мислам дека ќе победи помудриот, дека мораме да останеме смирени и да размислуваме само фудбалски. Веруваме дека имаме квалитет да ја победиме Македонија“, изјави Кирил Десподов.

Scroll to Top