Англија, според букмејкерите е првиот фаворит на Европското првенство што ќе се одржи наредното лето.
Англичаните натпреварите во групата ќе ги играат на „Вембли“, против Хрватска, Чешка и победникот во баражот во Ц-групата во Лигата на нации.
Исто така завршницата на ЕУРО 2020, полу-финалето и финалето ќе се играат во Лондон.
Најголеми шанси за освојување на титулата по Англија и се даваат на Франција. Коефициентот на светските шампиони во најголем дел од англиските обложувалници изнесува 6,50.
Следува Белгија (коефициент 7), најмногу поради лесната група (Данска, Финска, Русија), а потоа е Италија (коефициент 12).
Букмејкерите не им „веруваат“ многу на Португалците (ќе го бранат трофејот) и Хрватите. Коефициентот на Португалија е 20, а на Хрватска 21.