Top Sport

Французинките ремизираа со Бразил

Актуелните европски и светски шампионки, ракометарките на Франција не успеаја да забележат победа и во вториот натпревар на Мундијалот во Јапонија. Французинките, во Б-групата, ремизираа со Бразил 19:19 (10:7).

По поразот во првото коло од јужна Кореја (27:29), Французинките добија уште една шлаканица. Бразилките останаа непоразени против бранителките на трофејот, во натпревар во кој на секоја од репрезентациите им припадна по едно полувреме.

Голманката на Франција, Амадин Лејно беше прогласена за најдобра на овој меч. По три гола за Франција постигнаа Кло Буке, Лора Филип и Беатрис Евиж. Ист број на голови на спротивната страна постигнаа Бруна де Паула, Тамирез Араухо, Ана Паула Родригез и Адријана де Кастро.

Scroll to Top