Top Sport

Букмејкерите почнаа да исплаќаат за титула на Ливерпул!

Англискиот букмејкер „Бетвеј“ објави дека ќе почне да ги исплаќа обложувачите кои поставиле дека Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата, иако е уште ноември. На стартот на сезоната, „Бетвеј“ имаше 9/4 однос (3.25 коефициент) за „црвените“ да ја освојат титулата, првпат по 30-годишна пауза.

Тимот на Јирген Клоп има 12 победи и едно реми во 13 мечеви оваа сезона и имаат осум поени пред Лестер на врвот на лигата, додека Манчестер сити заостануваат девет поени. Интересно, лани Ливерпул во еден момент имаа 10 поени предност, за Сити да ја освои титулата.

„Ливерпул ја започнаа сезоната со 9/4 како втори фаворити за титулата и изгледаат несопирливо од првиот натпревар. Тешко е да се замисли дека ќе загубат многу оваа сезона. Знаеме дека постои ризик, но веруваме дека тие имаат една рака на трофејот, така што тие кои се обложиле на Ливерпул може да си ги подигнат парите“, изјави Алан Алџер од „Бетвеј“.

Scroll to Top