Top Sport

Бундеслигата без публика покажа – веќе ја нема предноста на домашен терен

Премиерлигата се враќа во среда, а Серија А во текот на викендот по тримесечна пауза, со добиено искуство од Бундеслигата, кое покажува дека предноста на домашниот терен е „избришана“, односно преполовен е бројот на домашни победи.

Податоците на „Грејснот“ покажуваат дека пред корона-кризата, во Бундеслигата домашните тимови победуваа во 43 отсто од 223 меча, со 35 отсто гостински победи и 22 отсто ремија. Во 56 натпревари бе публика, домашните победи паднаа на само 21 отсто, додека гостинските екипи победија во точно 50 отсто од натпреварите.

Само 12 победи во примерок од 56 натпревари, бил забележан само еднаш во 58-годишната историја на лигата, во декември 2009 година.

Без фанови, против домашните тимови биле досудени 12 отсто повеќе слободни удари и 15 отсто повеќе фаули, а исто така постигнаа 1.23 голови по меч, во споредба со 1.74 голови по меч пред суспензијата. Интересно, со публика, голманите одбраниле 2/3 од ударите, но ова скокнало на 74 отсто за гостинските голмани без публика. Има влијание и на начинот на игра – се постигнуваат помалку голови, има помалку удари, помалку одбрани и помалку дриблања, но повеќе додавања.

„Бидејќи во Бундеслигата се одиграле многу малку мечеви без публика, историскиот процент на малку победи може да донесе до заклучок дека домашната предност е намалена без публика. Пеформансите исто така покажуваат дека фудбалерите потсвесно се решаваат на додавање наместо да се обидат да влезат во напад“, вели Сајмон Глив, шефот на спортска анализа во „Грејснот“.

Фановите пред ТВ екраните пак, се жалат дека мечевите немаат интензитет како вообичаено и понекогаш изгледаат (и звучат) како тренинг-мечеви.

Scroll to Top