Top Sport

Бундеслигата одложи уште еден натпревар на Мајнц

Германската фудбалска лига го одложи саботниот натпревар од 26. коло меѓу Аугсбург и Мајнц поради бројни инфекции со Ковид-19 кај гостинскиот тим. Мајнц 05 официјално поднесе барање за презакажување на натпреварот, кое беше одобрено.

„Натпреварот ќе се игра на друг датум, бидејќи Мајнц го нема минималниот број на играчи што го бараат правилата на германската фудбалска лига поради позитивните случаи со Ковид“, известија од канцеларијата на Бундеслигата.

Мајнц во последните три седмици се соочува со голем број случаи на заболени фудбалери со коронавирус.

Scroll to Top