Top Sport

Вујовиќ: Помалку мртви од короната него од обичниот грип. Што се случува тука?

Поранешниот тренер на Вардар Веселин Вујовиќ од Шабац каде се наоѓа во карантин во интервју за српските медиуми во свој стил ја коментирал моменталната ситуација која ја предизвика коронавирусот.

„Среќен сум, имам мала куќа на брегот на Сава, нема многу луѓе околу мене, јас и сопругата уживаме, цело време сум надвор, се занимавам со риболов, чекам подобри денови. Пред неколку дена бев во градот, заклучив дека во однос на другите мене ми е добро. Се запрашав како ова влијае врз психата на старите луѓе, пензионерите кои со недели се затворени во своите домови. Како тие го преживуваат ова“, рекол Вујовиќ и дополнил.

„Гледам слушам, размисливам, многу не се логични. Се бројат заразените и мртвите од коронавирусот, а починати има помалку од она што е вообичаено за овој период од годината. На светско ниво од короната има помалку мртви него од „обичниот грип“. Што се случува? Кој со кого и зошто си игра веројатно никогаш нема да дознаеме. Признавам дека не ми се јасни работите, луѓе остануваат на улица без работа. Не знам, можеби за неколку месеци се ова ќе го заборавиме, но светот повеќе никогаш нема да биде ист“, заклучил Вујовиќ.

Scroll to Top