Top Sport

Буркина Фасо дома имаат воен удар, тие се пласираа во четврт-финалето на Африканскиот куп

Додека од нивната татковина пристигнуваат контрадикторни вести за наводен воен удар, фудбалерите на Буркина Фасо успеаја да се пласираат во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации, откако го победија Габон по драматични 9 пенал серии, откако по регуларните 90 минути беше 1:1.

Буркина Фасо поведоа преку Бертран Траоре, кој прво во 18. минута од мечот утна пенал, за веќе во 28. минута по одличен контранапад да постигне убав гол. Габон потоа играа со 10 играчи по црвениот картон на Обиса во 67. минута, но сепак, успеаја да израмнат во 92. минута кога Адама Гуира си постигна автогол.

По ова следуваше епската пенал-серија од 9 обиди за двата тима, пред Лојд Палун да го утне клучниот пенал за Габон и да ги прати Буркина Фасо меѓу најдобрите 8. Пенал серијата можете да ја погледнете тука.

Во четврт-финалето Буркина Фасо ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Нигерија и Тунис, кој се игра вечерва.

Scroll to Top