Top Sport

Рома со „атомско“ прво полувреме – дадоа четири гола против Емполи за 13 минути

Рома стигна до импресивна 4:2 победа на гостувањето кај Емполи, откако имаа неверојатно прво полувреме во кое за само 13 минути ги постигнаа своите четири гола.

Тимот на Жозе Мурињо поведе преку Теми Абрахам во 24. минута од мечот, Џанлука Манчини зголеми на 0:2 во 33. минута, две минути подоцна Сержо Оливеира го постигна третиот гол, за во 37. минута, Николо Заниоло да ги комплетира неверојатните 13 минути. Пинамонти и Бајрами дадоа два гола за Емполи, но тие немаа сили за целосен камбек.

Рома се искачува на шестото место на табелата со 38 поени, три зад Јувентус на петтото место, додека Емполи останува на 12. со 29 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top